• video_woman_cover3
    Производство
    ALMA FASHION
    Производствен погон опремен со нова опрема..
  • video_woman_cover3
    ALMA FASHION
    ОДДЕЛ ЗА ФАРБАЊЕ НА КОПЧЕ
    Со капацитет над 500 000 копчиња дневно..
  • video_woman_cover3
    Готов производ
    ALMA FASHION
    Дозволете ни да ја направиме вашата ИДЕЈА во РЕАЛНОСТ..
  • video_woman_cover3
    Копчиња и додатоци
    ALMA FASHION
    Сопствено производство на копчиња и додатоци..

Производи

Во АЛМА го разбираме производот како квалитет,услуга и доверливост,што ни дозволува градење и развивање на долготрајни деловни врски.

ГОТОВ ПРОИЗВОД

Врз основа на нашето 19 годишно искуство во работење во модната индустрија и континуираното усогласување со условите на пазарот и потребите на потрошувачите,ние можеме да Ви понудиме и готов производ кој што може да се испорача насекаде во светот. Започнувајки од дизајнирање на продуктот,набавување на материјали и додатоци,водење и контролирање на производството,па се до испорака на саканата локација. Нашето искуство е стекнато преку долгогодишна соработка со многу познати интернационални компании и со непрекинато надоградување и усовршување на секој продукт кој што го нудиме. Нашите цели се: постигнување инзвонреден квалитет со разумни цени и формирање долгорочни бизнис соработки.

УСЛУГИ

ПРОИЗВОДСТВО

Во нашата производствена единица во Кочани која вклучува 160 вработени,можеме да ви понудиме секаков вид на висококвалитетни продукти.Нашиот машински парк е опремен според најновата технологија што ни овозможува квалитетна изработка на бараниот продукт. Благодарение на нашите многубројни производители и секојдневната контрола на квалитет можеме да произведеме секаков вид на производ. Нашите идни планови вклучуваат проширување на капацитетот на производство во нашата компанија во Кочани.

КОНСТРУКЦИЈА И ГРАДИРАЊЕ НА ШАБЛОНИ

Располагаме со најмодерен оддел за кроење,каде што покрај дизајнирање на најновите модели за нашите клиенти,можеме да ви ги понудиме и следните услуги:
  • Креирање на базни шаблони;
  • Дигитализација;
  • Градирање;
  • Мини маркери;
  • Подготовка и принтање на шаблони за производство;
  • Автоматско сечење со Lectra Vector 2500;
Why choose Us?
ВИДЕТЕ ПОВЕЌЕ...

ВЕЗЕЊЕ

Во согласност со Вашите потреби,дизајнираме и изработуваме различни видови на вез со највисок квалитет.Благодарение на нашите две ZSK машини со 12 игли, Вашите амблеми и идеи се реализираат за брзо време со посакуван ефект. Имајте во предвид дека цело време имаме на залиха голема количина од Madeira конци за везење,што ни дава предност да ве услужиме за кратко време.
Видете го нашето TIME LAPSE ВИДЕО од нашата машина за везење

МАТЕРИЈАЛИ, ДОДАТОЦИ

Ние продаваме материјали и додатоци за текстилната индустрија.
Имаме сопствено производство и фарбара за копчиња. Држиме залиха на додатен материјал за текстилната индустрија за брза достава.

ЗА НАС

Алма ДООЕЛ Кочани е компанија за текстил и трговија,основана од Г-ин. Зоран Трендов во 1999,кој сеуште е сопственик и директор на компанијата.
На површина од 20.000m2 располагаме со сопствен простор за производство од 2.500м2.
Во нашата продукциска единица ние произведуваме висококвалитетни женски кошули,блузи,здолништа итн.
Паралелно соработуваме со повеќе од 20 партнери за производство,што резултира во капацитет од 60-80.000 продукти месечно. (само за женски програм)
Алма нуди CM,CMT како и високо-квалитетен готов производ за мажи и жени кој вклучува: кошули,пуловери,панталони,капути,палта,мантили и многу други продукти кои што се произведуваат во Македонија и Бугарија и се ценети и прифатени добро од нашите Европски клиенти.
Продукцијата ја држиме секогаш под контрола благодарение на нашето искуство во снабдување на квалитетен материјал,можноста сами да произведуваме копчиња со добар квалитет,како и држење на залиха на сите потребни додатоци за производство.

Контактирајте не

Имате прашање? Контактирајте не преку формата подолу.

Испратете Е-Пошта

Leave this empty:

Нашето СедиштеКеј на револуција 5 Поштенска кутија - 56 Кочани, Македонија

Јавете ни се +389 (0) 70 21 38 06

Направите видео повик