НАШАТА ПОНУДА

Нудиме флексибилни модели на производство на CM, CMT и готова облека, прилагодени за да ги задоволат различните потреби на нашите клиенти.

Нашата палета на производи вклучува висококвалитетна готова облека, пред сè кошули, пуловери, панталони, јакни и палта. Сите производи се произведени во Северна Македонија и Бугарија и се високо ценети од нашите долгогодишни европски партнери за нивниот квалитет, доследност и доверливост.

Со нашето богато искуство во набавката на ткаенини, сопственото производство на висококвалитетни копчиња и прецизно управуваните залихи и трговија со различни дополнителни материјали, обезбедуваме целосна контрола над сите аспекти на производствениот процес. Ова ни овозможува да гарантираме ефикасност, флексибилност и доследност на производите во текот на целиот процес на производство.

Во Алма, не само што создаваме облека – ние обезбедуваме решенија кои се наменети да го поттикнат растот и да ја зачуваат вредноста на вашиот бренд.

КРЕИРАЈ И НАПРАВИ НАРАЧКА

МАТЕРИЈАЛИ И ПОМОШНИ МАТЕРИЈАЛИ

Добредојдовте во нашата колекција на Материјали и помошни материјали, каде што секој детал е внимателно изработен до совршенство. Потопете се во светот каде што внимателната изработката се среќава со несогледливиот квалитет. Истражете ја софистицираноста на Корозо, елеганцијата на Природен Бисер и природната привлечност на копчињата од рог, кокос и дрво – сите одржливо набавени и сертифицирани од OEKO-TEX®, обоени со еколошки бои на водена основа за да се минимизира влијанието врз околината.

Доживејте прецизност со нашите внимателно избрани флизелини, прилагодени да го подобрат фитот и удобноста на вашата облека, и да го подобрат вашиот вез со реномиран вискозен конец кој што е познат по својата јачина и природен сјај. Од класични кошули до деним и технички ткаенини, нашата селектирана или одбрана колекција, набавена од реномирани производители од целиот свет, обезбедува квалитет во секој шев. Со стратешко партнерство, нудиме не само ткаенини, туку и квалитетни патенти, одржливи материјали за пакување и иновативни закачалки за да ги завршиме вашите креации. Ние сме ваши партнери во усовршувањето на секој аспект од вашиот дизајн.

НАШИТЕ КАТАЛОЗИ

ВЕЗЕЊЕ И ПЕЧАТЕЊЕ НА ТЕКСТИЛ

Везење

Нудиме висококвалитетни услуги за вез, како за нашето сопствено производство, така и за облека обезбедена од клиентите. Со користење на две модерни ZSK машини со 6 глави, гарантираме прецизност, брзина и издржливост, со кратки рокови за изработка и постојани резултати на различни видови ткаенини.

Печатење

Нашите услуги за печатење се достапни како за време на производствениот процес, така и за готова облека, нудејќи флексибилност која ги задоволува различните дизајн потреби. Користиме различни напредни техники, вклучувајќи:

  • Офсет печатење

  • Стенсил печатење

  • Сито печатење

  • Дигитално печатење

Овие методи ни овозможуваат да доставиме печати со висока дефиниција, со долготрајна боја и завршница, прилагодени според спецификациите на вашите парчиња облека.

КРЕИРАЈ И НАПРАВИ НАРАЧКА

25+ ГОДИНИ ИСКУСТВО

Со повеќе од две децении искуство во текстилното производство, ги комбинираме традицијата и иновацијата за да обезбедиме облека која ги исполнува највисоките индустриски стандарди.

ИЗРАБОТЕНО ДО СОВРШЕНСТВО

Од скица до последен шев, секое парче облека е внимателно изработено со прецизност. Нашите напредни техники за вез и завршна обработка обезбедуваат беспрекорни резултати.

ПРЕМИУМ КВАЛИТЕТ

Обезбедуваме целосна контрола над секој аспект на производството — од ткаенини до копчиња — испорачувајќи константно висококвалитетни производи кои се ценети низ цела Европа.

КОНТАКТИРАЈТЕ НÈ

Имате прашања? Контактирајте нè преку овој формулар.

Кликнете или повлечете датотека во ова поле за да го прикачете.

АЛМА ДООЕЛ
Седиште

Основач и извршен директор
Зоран Трендов

ЕМБС                       ЕДБ
5642205                   MK4013002115572

ALMA-GERMANY GMBH
Канцеларија

Основач и извршен директор
Зоран Трендов

Даночен број                  
DE300143436                    11/291/06414


Copyright © 2025 Alma Fashion member of Alma Family