КОНЕЦ ЗА ВЕЗЕЊЕ 

MADEIRA CLASSIC

Вискоза


Суровината која ја користи MADERIA се разликува од Вискозата на другите производители. MADEIRA CLASSIC е произведен од високо квалитетна вискоза со што се постигнува високата цврстина на истегнување. Цврстината на истегнување е толку висока што може да се користи со 1200 убоди во минута.

Дополнително вискозата поседува уникатен природен сјај и нежно чувство при допир.

MADEIRA CLASSIC – не постои подобар конец за везење, затоа го нудиме во онолку голема палета на бои и дебелини.

MADEIRA POLYNEON

Полиестер


POLYNEON се произведува по процес на извелкување и премотување развиен од MADEIRA. Ова гарантира дека ќе работи на нови и модерни машини за везење без да се размотува конецот.

MADEIRA POLYNEON се фарба во фабриката на специјален начин што го прави многу отпорен на хлор.

Затоа MADEIRA може да тврди за издржливоста на боја при хлорирање. Хлорирање на 30° со 20g белило по литар за времетраење од 30 минути.

Како резултат на ова, POLYNEON може да биде изложен на екстремен стрес. Друг плус на POLYNEON е неговиот сјај кој е сличен на оној на MADEIRA CLASSIC. POLYNEON е првиот избор за везови кој треба да издржат екстремни услови и за материјали кој ќе бидат често перени и третирани.

 

MADEIRA METALLIC EMBROIDERY THREADS

FS | SUPERTWIST


MADEIRA метализираните конци за везење ги исполнуваат највисоките барања поврзани со избор на боја, дебелина на конец и квалитет.

MADEIRA целосно ги разбира потребите на модниот пазар, затоа овој конец има толку голема палета на бои.

Вез изработен со овие конци изгледа раскошно, софистицирано и богато што значи дека голем избор на бои е потребна.

Затоа што метализиран конец за везење е потежок за работа од вискоза или полиестер, конецот мора биде од врвен квалитет за оптимална работа на машината. MADEIRA го гарантира овој квалитет.

MADEIRA го нуди овој конец во седум различни дебелини, од најтенкиот до тешкиот No.15 и од нај нежниот до конец со текстура.

MADEIRA метализианиот конец е достапен во широка палета на златни, сребрени, други благородни метали како и нијанси на скапоцени камења и multicolor палета достапни во седум варијанти.

Како и сите MADEIRA конци за везење, MADEIRA метализираните конци можат да се користа за везење или декоративно шиење на се од долна облека до спортска опрема, фармерки, палта, чевли и мебел. Метализираните конци можат да се хлорираат и да перат со каменчиња (stonewash).

Напомена:
При везење на кожа или пластични материјали потребно е да се користат метализирани конци кој се отпорни на оксидирање предизвикано од танинска киселина или агресивни/абразивни хемикали.

Ве молиме контактирајте не за повеќе информации.

MADEIRA BURMILANA & BURMILANA CO

BURMILANA NO 12 – За волнен ефект со изглед на рачна изработка


BURMILANA NO 12

Ткаен волна/акрил конец за везење, перфектен за везење со висока брзина, ланчено шиење и декоративно шиење. BURMILANA е цврст и дебел конец (330 dtex x 2) што го брзо го исполнува дизајнот со топола и интересна структура.

Палетата на бои е полна со живописни црвени, зелени, сини и жолти нијанси до нежни тонови.
BURMILANA – достапна ексклузивност со неколку убоди!

BURMILANA CO

BURMILANA CO е екстра мек конец поради памукот во неговиот состав. BURMILANA CO е со Oeko-Tex Standard 100 class 1 (Бебешки стадард)!

FROSTED MATT

ВИСТИНСКИ МАТ!


Frosted Matt No.40 е првиот вистински мат конец во светот. Frosted Matt No.40 дава нова перцепција на бојата на конецот за везење.

Поради уникатното керамичко јадро овој конец за везење ја рефлектира вистинската боја. Поради методот на фарбање на Frosted Matt конецот има неспоредлива боја и ја задржува бојата со ист интензитет подолго време.

FIRE FIGHTER

Конец за везење отпорен на оган и топлина


FIRE FIGHTER No.40 е отпорен на оган и топлина и е неопходен во облеката за екстремни спортови, работнички одела и заштитна опрема. FIRE FIGHTER No.40 исто така се користи за везење на навлаки на седишта во авиони и каде е потребен посебен стандард за безбедност.

FIRE FIGHTER е произведен според ISO стандарди ISO-6941 / ISO 15025 и е достапен во 25 бои.

При користење на FIRE FIGHTER осигурете се дека и долниот конец е соодветно огноотпорен и отпорен на топлина. MADEIRA има специјален конец за оваа потреба 100% Aramid bobbin thread.